Macedonian Announcement
Меѓународен натпревар во поезија Замокот на Дуино
ОГЛАС ЗА VIII ИЗДАНИЕ 2012
Краен рок: 7 јануари 2012
ОПШТИ ПРАВИЛА
- Натпреварот се однесува на млади до 30 годишна возраст.
- Учествотот е бесплатно.
- Натпреварот е според тема.
Темата на VIII издание 2012 е:
„ОГЛЕДАЛО/МАСКА“
- Може да се учествува на една или на повеќе од следните делови
I. ДЕЛ НЕИЗДАДЕНА ПОЕЗИЈА
Се учествува со една поезија неиздадена и никогаш наградувана ( максимум 50 стихови).
Поезијата може да биде испратена на оригиналниот јазик на натпреварувачите, придружена со превод на англиски, француски, италијански или шпански јазик. За поезијата напишана на италијански јазик е препорачлив превод на англиски, но не е обвзрувачки.
- Меѓународно жири составено од поети и критичари експерти на многу јазици, ќе ја оценува поезијата на оригиналниот јазик доколку е возможно.
- Поезијата мора да биде испратена до 7 јануари 2012.
Може да биде пратена преку:
а) преку електронска пошта на оваа адреса valeragruber@alice.it
Пораката во електронската пошта треба да го содржи и формуларот за учество и потполенти изјавите
Се моли поезијата да биде испратена како прилог во формат ворд или ртф. Прилог во друг формат може да биде причина за исклучување од натпреварот.
б) или преку пошта: адресирана до Габриела Валера Грубер, ул. Маттеотти 21 I – 34138 Трст. (Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21 I- 34138 Trieste). Податоците за авторот треба да бидат напишани во формуларот за учество ( види погоре) потполнети и потпишани.
Во предвид се зима и датумот на печатот на поштата но ниту еден текст нема да биде прифатен од моментот кога жирито ќе почне со селекцијата.
Поезијата може да биде доставена до жирито и без податоци за авторот со што се гарантира делумно оценување.
Награди:
- Прва, втора и трета награда од 500 евра за секого.
- Медал од Претседателството претсавници на Република Италија
- Натпреварот е дел од промотивните активности на Здружението „Поезија и солидарност“ и е поврзан со хуманитарни проекти. Победниците се обврзани да донираат еден дел од наградата ( 200 евра) во хуманитарни цели по нивни избор, а се препорачува да биде тоа во земјата од каде што доаѓаат.
- Пофалници и пехари за другите заслужни поезии.
- Наградените поезии одредени од жирито ќе бидат објавени во двојазичното ( италијанско и англиско) издание на „Ибискос Издавач Рисоло“ ( Емполи, Италија) ( Спонзор на натпреварот). Исто така ќе бидат снимени на ЦД на нивните оргинални јазици. Придонесот од продажбата на книгата ќе биде отстапен на Фондацијата Лукета-Ота-ДАнџело –Хроватин за децата жртви од војната www.fondazioneluchetta.org
Посебни заслуги и минимални награди ќе се дадат на најдобрите поезии на младите со возраст помала од 16 години кои нема да влезат во главниот натпревар и не се предложени за објавување.
II. ДЕЛ: Драма( монолог или дијалог меѓу 2 личности)
Се учествува со испраќање на драмски текст мак. 5 дела од 2000 фрази. ПОДОЛГИТЕ ТЕКСТОВИ НЕМА ДА БИДАТ ПРИФАТЕНИ.
Текстовите можат да бидат пратени на оргинален јазик но мора да бидат придружени со превод на ОДЛИЧЕН ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК: Текстовите ќе бидат оценувани во превод, НЕМА да можат да бидат оценувани на нувниот оргинален јазик:
а) преку електронска пошта на следната адреса valeragruber@alice.it
Пораката во електронската пошта мора да го содржи и формуларот за учество и потполнети изјави
Се моли да се испрати делото како прилог во формат ворд или ртф. Прилогот во друг формат може да биде причина за исклучување од натпреварот.
б) или преку пошта: адресирана до Габриела Валера Грубер, ул. Маттеотти 21 I – 34138 Трст. (Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21 I- 34138 Trieste). Податоците за авторот треба да бидат напишани во формуларот за учество ( види погоре) потполнети и потпишани.
Во предвид се зима и датумот на печатот на поштата но ниту еден текст нема да биде прифатен од моментот кога жирито ќе почне со селекцијата
Творбите се доставуваат на жирито без податоците за авторите
Награди
- Прва, втора и трета награда : пехар или плочка со посвета
- Пофалница
- Наградените и одбраните творби ќе бидат рецитирани во голем театар во
градот за време на манифестацијата на доделување на наградите.
Специјални правила за училиштата
Наставниците можат да го испратат резултатот ( еден или повеќе елаборати) од една колективна работа ( на група од ученици од класот или меѓу класовите).
Овие елаборати ќе бидат разгледани како колективен производ и наградени според капацитетот кој го имаат, давајќи поттик на учениците во пишувањето поезија.
На најдоброто училиште ќе се додели награда од 500 евра со обврска до наставникот заедно со учениците учесници да изберат проект за солидарност каде ќе ја доделат добиената сума.
На најдобрите училишта ќе се доделат специјални пофалници.
ЦЕЛ ДЕН ЌЕ БИДЕ ПОСВЕТЕН НА НАГРАДУВАЊЕТО НА ШКОЛСКИТЕ ГРУПИ КОИ ЌЕ ДОЈДАТ ВО ТРСТ ( НАГРАДЕНИ И ПОФАЛЕНИ) ТАКА ШТО СИТЕ НАСТАВНИЦИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ СВОИТЕ ПРОЕКТИ И СИТЕ УЧЕНИЦИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ЧИТААТ СВОИТЕ ПОЕЗИИ ВО ЕДНА САЛА ВО ГРАДОТ, СО ЦЕЛ ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАПОЗНАВАЊЕ.
ЗА ВРЕМЕ НА НАГРАДУВАЊЕТО НА ЗАМОКОТ ДУИНО ЌЕ БИДАТ ДОДЕДЕЛЕНО ОФИЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ НА ДОЦЕНТОТ.
На сите наставници и на сите класови ќе биде испратено, по барање, потврда за учество.
Училиштата треба да ги испратат елаборатите преку пошта во две копии на: Gabriella Valera, Via Matteotti 21, 34138 Trieste, заедно со следните податоци:
Училиште Клас комплетна адреса на училиштето ( улица, број, град, провинција, број на пошта) телефон на училиштето факс на училиштето електронска пошта на училиштето одговорен наставник ( Име и Презиме) Телефон и електронска пошта од одговорниот наставник ( или од референтот за соработка).
Препорачливо е истите материјали да бидат испратени и по електронски пат на следната адреса valeragruber@alice.it.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ
Листата на добитници и на финалистите ќе биде објавена на веб страната на натпреварот www.castellodiduinopoesia.it.
На победниците и финалистите ќе им биде испратено известување било по електронски пат или по пошта.
Церемонијата за наградување ќе биде на 25 март 2012 во Замокот на Дуино.
На наградувањето, поезијата ( делата) од сите учесници кои сакаат ќе можат да им бидат објавени бесплатно на страната „Архива“ од веб страната на натпреварот, на нивниот оригинален јазик или на преводот испратен од самиот автор.
Учествувањето на натпреварот значи прифаќање на правилата од овој оглас и потполнување на формуларот за учество.
Формулар за учество
Име Презиме Датум на раѓање
Улица број бр.на пошта
Град Провинција телефон
Електронска пошта
Националност Наслов на поезијата
Изјави: Изјавувам дека делото …….. ( наслов) …..со кое учествувам на меѓународниот натпревар „Замокот на Дуино“е мој оригинал, необјавен е никогаш наградуван. Согласен сум за негова евентуално објавување или јаво претставување.
Изјавувам дека не сум/сум ( избери ја точната опција) запишан на СИАЕ или друго аналогно здружение за заштита на правата на авторот.
Учесниците се согласни да се користата нивните лични податоци за потребите на натпреварот и за објавување во согласност со законот бр. 675/96 и можат да побараат во секој момент да се избришат нивните податоци од нашата електронска датотека.
Информации: G. Valera Gruber, Via Matteotti 21, 34138 Trieste (Italy); valeragruber@alice.it Tel. 040 638787